СДС и ДУИ се со полни зборови за Европа, еве нека прифатат устав, како во Eвропа и Македонија да стане национална држава на Македонците

99
СДС и ДУИ се со полни зборови за Европа, еве нека прифатат устав, како во Eвропа и Македонија да стане национална држава на Македонците

Секој ден граѓаните ги слушаат СДС и ДУИ со полни зборови за Европа, а еве им сега шанса да ги претворат во дела тие зборови. ВМРО-ДПМНЕ безусловно и веднаш, прифака уставни измени по моделот на Хрватска.

Македонија да стане национална држава на Македонците и малцинствата во нејзе. Односно Македонија би била држава на еден народ, со широко набројување на сите малцинства.

Тоа би изгледало вака:

“Република Македонија се воспоставува како национална држава на македонскиот народ и држава на малцинствата: Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други, кои се нејзини државјани, на кои им се гарантираат исти права, со тие на македонскиот народ и остварување на националните права, во склад со демократските норми на ООН”

Веруваме дека СДС и ДУИ нема да имаат ништо против, да прифатат европски устав како решение за уставните измени.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗамрзнувањето на цените го штити стандардот на граѓаните
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Златна победа на Еурофарм Пелистер на жешкиот терен во Кавадарци