СДС и ДУИ уплатија 200 милиони евра за изградба на коридорите 8 и 10, а на терен една лопата не е фрлена

109
СДС и ДУИ уплатија 200 милиони евра за изградба на коридорите 8 и 10, а на терен една лопата не е фрлена

182 ден од 2023 година, над 200 милиони евра се префрлени на изведувачот на коридорите 8 и 10, без да биде почната некаква работа на терен.

8 месеци откако власта официјално ја отпочна изградбата на коридорите 8 и 10, на терен нема ништо, и таблата која ја поставија веќе избледе.

200 милиони евра се уплатени однапред, а на терен не само што нема отпочнато изградба, туку нема ни експропријација, ниту пак проект, народски кажано една лопата не е фрлена, а 200 милиони веќе 8-ми месец се на сметката на изведувачот.

Власта спроведе криминогена постапка, уште со надзорот, кој наместо реномирана фирма од областа на градежништвото е фабрика за долен веш.

Со влада како СДС и ДУИ коридорите 8 и 10 никогаш не би биле довршени. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКовачевски не е портпарол за вработувањата во М-НАВ, но очигледно не е ниту некаков фактор во владата. Неговото, „не сум портпарол“, е новото „прашајте ја институцијата“ секогаш кога Ковачевски нема одговори
Следно соопштениеИнформација за извлекување на натпреварувачки броеви за Плеј Оф и Плеј Аут – Прва Машка Лига – Ракометна Федерација на Македонија