СДС ја доведе државата до раб на банкрот, трагично е што после целиот криминал оваа партија има дрскост да коментира состојби без чувство на елементарна одговорност

98
СДС ја доведе државата до раб на банкрот, трагично е што после целиот криминал оваа партија има дрскост да коментира состојби без чувство на елементарна одговорност

СДС ја доведе државата на работ на банкрот.

Трагично е што после целиот криминал и кражба од епски размери, оваа партија има дрскост да коментира состојби сосема лабаво и без да чувствува елементарна одговорност.

Владата на СДС, длабоко корумпирана и криминална, ја остави државата во состојба која е од историски размери и како што самиот премиер повеќе пати истакна, одговорноста ќе дојде многу брзо.

СДС е партија управувана од неврохирургот на кланот Заеви, во која главни се бандити, а не политичари. Нивното нечовечко и бескрупулозно однесување, без елементарна чувствителност за состојбата во која ја доведоа државата и граѓаните, е доказ за нивната неспособност и корумпираност.

Подгответе се за одговорност.

Вакви плитки, необмислени инстант соопштенија, напишани од преостанатите службеници во партијата која забрзано ја напуштаат луѓе секој ден, нема да ве спасат од одговорноста која следува.

Народот гледа што се случува.

Народот знае дека не сте ја научиле елементарната лекција по историскиот, најголем пораз што го доживеавте на изборите. Затоа, нека не ве чуди доколку на следните избори наместо катастрофалните 180,000 гласови, имате под 100,000.

Времето на СДС заврши.

Оваа влада ќе ја врати правдата и одговорноста во државата, и тоа многу брзо.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски лаже, кредитот од Будимпешта е негов политички интерес, СДСМ обезбеди поповолни кредити
Следно соопштениеЈаневска потврди дека не планира да ги покачува платите во образованието