СДС мора да понесе одговорност за скандалот во Гостивар, коалицијата со Таравари и ДУИ им нанесе штета на Гостиварчани

8
СДС мора да понесе одговорност за скандалот во Гостивар, коалицијата со Таравари и ДУИ им нанесе штета на Гостиварчани

СДС мисли дека Гостиварчани ќе заборават на коалицијата со Таравари и ДУИ.

СДС мора да понесе одговорност за скандалот во Гостивар, затоа што функционери поддржани од нив денес се сомничат дека ја загадија водата во градот и околината, со што илјадници граѓани завршија во болниците.

Исто така, Филипче и СДС немаат кредибилитет да говорат за здравствени политики од неколку причини:

– КОВИД криза министер за здравство Филипче, трета земја во светот по процент на смртност;

– КОВИД криза министер за здравство Филипче, наместо вакцини тој договараше провизии од нивната набавка;

– КОВИД криза министер за здравство Филипче, наместо заштита на животот и здравјето на граѓаните, му се запали модуларна болница во Тетово и живи изгореа 14 сограѓани, поради анекс од 20%;

– Му беа обезбедени средства и проект за нов клинички центар, а тој не направи ништо;

– Наместо нови операциони сали, нови апарати, нови болници, тој делеше тендери на свои блиски, чуваше апарати во подруми и се исмеваше на маката на граѓаните со смешни видеа од папагали.

СДС и Филипче да размислат пред да зборат за здравјето на граѓаните, поради нив изгубивме илјадници граѓани.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС не може да се помири со успешните политики на Влада кои инфлацијата ја доведоа до 3,4%, а цените на горивата најниски во регионот
Следно соопштениеСо ликови со криминално минато и богато полициско досие, како Зоран Трифуновски, СДС нема кредибилитет да морализира за скандалот во Гостивар