СДС на страната на криминалот, СДС сака никој да не одговара за мито и корупција

82
СДС на страната на криминалот, СДС сака никој да не одговара за мито и корупција

СДС е партија која наместо да се бори против криминалот и корупцијата, го толерира прикрива и штити.

Фактот што во највисоките партиски структури сè уште се наоѓаат лица со судски пресуди, отвора сериозни прашања за вредностите и критериумите на СДС.

Наместо дистанцирање и оградување како во случајот со Артан Груби, Филип Андов – Сокол, Бисера Костадиновска Стојчевска, поранешниот директор на СОЗР кадар на СДС, Пеце Мирчевски, СДС молчи и ги штити.

СДС молчи и го игнорира криминалот и коруипцијата особено кај поранешни свои функционери што дополнително ја поткопува довербата на јавноста.

Во изминатиот период, јавноста беше сведок на бројни афери и сомнежи за корупција поврзани со поранешни и актуелни функционери на СДС. Наместо јасна осуда и расчистување, СДС избира да молчи или да релативизира.

Особено загрижува селективниот пристап кон правдата што го има СДС.

Доколку СДС навистина се залага за правда и владеење на правото, тогаш мора јасно да се дистанцира од сите сомнежи за криминал во своите редови и во сите други случаи, но и да поддржи целосно, независно и транспарентно истражување на секој случај каде што постојат сомнежи за криминал и корупција.

Во спротивно, секој молк од СДС ќе се толкува како потврда дека партијата избира да застане на страната на криминалот, наместо на страната на граѓаните и законот.

СДС е синоним за криминал и корупција која допрва треба да се истражи. Секој што го прекршил законот ќе одговара. Правда мора да има.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВладата на продолжен викенд, сега задолжително да ги прифати сите решенија на СДСМ за намалување на цените
Следно соопштениеФилипче против тоа граѓаните да заштедат пари, тој е синоним за најнеуспешната влада на Заев