СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев, овој пат за луксузната јахта вредна 850 илјади евра со која пловат по Егејот

46
СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев, овој пат за луксузната јахта вредна 850 илјади евра со која пловат по Егејот

Како и многу пати до сега, СДС пак избра да молчи кога станува за скандали во кои е фатен неговиот претседател, Венко Филипче.

Како многу пати до сега и овој пат во скандалот се вклучени и Филипче и поранешниот претседател на СДС, Зоран Заев.

После златните визи, инвестициите во 50-катницата, приватната забава во луксузен хотел во Дубаи на кои на уво им пее Харис Џиновиќ, сега Филипче и Заев задно уживаат и крстарат на луксузна јахта по Егејското море.

Неколку дена ги прашуваме СДС и Филипче да дадат коментар за овој скандал, да кажат дали јахтата е на Заев и чини 850 илјади евра и со кои пари е купена?

Дали можеби со пари од државни тендери?Но, тие збор не кажуваат. Молкот може да значи потврда на поставените дилеми, но СДС и Филипче им должат одговори на македонската јавност, особено откако за време на нивна власт народот го осиромашија, а државата ја донесоа на раб на банкрот.

СДС и Филипче се должни да одговорат, особено што со Заев го продолжуваат блискиот и партнерски бизнис однос, така што во Бугарија имаат фирми на иста адреса, а нивните браќа имаат заедничка фирма за производство на струја.

Дополнителна причина за што должат одговори е тоа што фирмата на Заеви во Бугарија, каде комшија е Филипче, се поврзани со тендери во Македонија, а можеби со пари од овие тендери е купена и луксузната јахта.

Врските и бизнис зделките на Филипче со Заев се безбројни и затоа на македонската јавност им должат одговори.

Ако продолжат да молчат, СДС и Филипче само ќе потврдат дека се фатени инфлангратно во скандал и луксузни уживања со пари спечалени на сомнителен начин, а можеби и од државни тендери.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеШукова: Имаме јасен остварлив план за чисто Скопје, ќе го исчистиме градот во првите три месеци
Следно соопштениеСоопштение за технички неисправна вода » Општина Прилеп