СДС продолжува да користи трагедии за да се промовира, овој пат преку Каја Шукова која ја копира сцената во Србија и се обидува да прави спектакли во јавноста 

75
СДС продолжува да користи трагедии за да се промовира, овој пат преку Каја Шукова која ја копира сцената во Србија и се обидува да прави спектакли во јавноста 

Вчера СДС покажа дека не е повеќе политичка партија туку постепено се претвора во шоу за имитација.

На вчерашната прес-конференција, Каја Шукова, копираше кампањи кои се веќе видени во регионот, и за целосно да го долови штосот на СДС преку ова се обиде да ја искористи последната трагедија во земјата како повод за внимание и интерес.

Јасно е на сите дека е преземено од Србија, без никаква врска со македонската реалност, и потврда дека во СДС нема автентичност, креативност, идеја, визија, а ниту суштина.

СДС продолжува да го прави тоа што го знае најдобро, да копира и да следи туѓи формати од соседните земји.

Овој настап на Шукова е уште еден пример како старо-новото раководство на СДС создава спектакли кои никому не му будат доверба.

Од СДС повторно ја користат секоја трагедија за да соберат поени.

Темата за насилството врз жените е премногу сериозна за Каја Шукова и СДС да ја користат за вакви перформанси во пресрет на 8 март, ден кога треба да се зборува за вистинска поддршка на жените, за безбедност и еднаквост.

Жените во Македонија заслужуваат повеќе од некреативниот и ископиран ПР на СДС и копирани сценарија, и лица од партија кои се занимаваат со имитација на туѓ симболизам.

СДС продолжува да користи трагедии за да се промовира, овој пат преку Каја Шукова која ја копира сцената во Србија и се обидува да прави спектакли во јавноста 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНема да молчиме, доста е од жртви и трагедии – оставка од Тошковски веднаш!
Следно соопштение(ВИДЕО) СДС лажеше дека постои договор за мигранти, Британскиот амбасадор Метју Лосон ги демантираше, граѓаните веќе не паѓаат на нивните лаги