СДС се појави во јавноста со прес-конференција по 4 дена, има ли некој во седиштето на СДС или само Кузеска остана?

47
СДС се појави во јавноста со прес-конференција по 4 дена, има ли некој во седиштето на СДС или само Кузеска остана?

Почитувана јавност, СДС по 4 дена молк се јави со прес-конференција за тема која Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успешно се справи, а истата беше поздравена и од ЕУ.

Дека СДС воопшто не знае каде тера, доказ е оваа денешна прес-конференција на СДС. Во време кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, нема афери, нема скандали, нема местени тендери, затоа е и молкот од СДС.

Да се потсетиме на времето кога СДС владееше, јавноста и медиумите требаше да бидат гласни со денови и недели за да се реагира по одреден случај, па дури и тогаш обвинителството и судството не отвораа предмети и беа неми по тоа прашање. Дополнително, ако некој од осомничените беше од СДС или близок до врвот на СДС, со сигурност тој поединец не одговараше.

За разлика од тогаш, денес кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, без помпезност, без прво јавноста и медиумите да дознаат, надлежните органи работат веднаш и се постапува по одредени сомнежи или докази за одреден криминал или корупција. Без разлика на партија или нација, секој што се огрешил пред Законот мора да одговара.

Разликата е евидентна. Затоа, по повод денешното појавување на СДС во јавноста, прашуваме дали Кузеска е сама во седиштето на СДС и излегува со вака неспремна изјава?

Повикуваме на реформи во СДС, на чело со Филипче.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗошто МВР на Тошковски дозволило да се случи настанот, СДСМ бара одговорност за пропустите на концертот на Аца Лукас
Следно соопштениеКацарска со двојни стандарди, за себе и судиите полни џебови и привилегии, за пензионерите бара укинување на зголемувањето на пензиите