СДС секојдневно вади некакви соопштенија кои немаат врска со реалност, бројот на асистенти за дечиња со попреченост од септември најголем досега

43
СДС секојдневно вади некакви соопштенија кои немаат врска со реалност, бројот на асистенти за дечиња со попреченост од септември најголем досега

СДС секојдневно пишуваат празни соопштенија, а денес повторно говорат за образованието, небаре го препородија па сега нешто не чини.

За појаснување, од новата учебна година за прв пат образовни асистенти ќе има и во средните училишта, благодарение на законското решение предложено од Владата, чекор кон поголема инклузивност во образованието.

Ангажирањето е транспарентно и не го врши МОН, туку самите училишта со ресурсни центри, дел од кои беа поставени токму од СДС. Асистентите се ангажираат на определено време, според реалните потреби пријавени од родителите и секоја година аплицираат повторно.

СДС постојано задира ранливи теми и со лажни вести предизвикува вознемиреност. Но, тоа нема да помине. Лажните душегрижници се во опозиција.

Затоа го молиме СДС, кој го остави образованието без учебници, да учи како се развива образованието и да го поддржува истото.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДСМ: Тошковски е нова верзија на Груевизмот – сака партиска милиција под своја контрола
Следно соопштениеСЕ ОДРЖА ПЕДЕСЕТ И ДЕВЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД