СДСМ упорно ја игра улогата на вазали на ДУИ, лаејќи наместо Ахмети и Груби, но џабе – памет не им доаѓа

72
СДСМ упорно ја игра улогата на вазали на ДУИ, лаејќи наместо Ахмети и Груби, но џабе – памет не им доаѓа

СДСМ повторно шири лаги и се обидува да ја замајува јавноста со невистини за наводна партизација.

Фактите се јасни – Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ги повторува нивните грешки. Додека беа на власт, токму тие ја претворија администрацијата во партиски штаб, а сега, кога се во опозиција, очајно се обидуваат да ги покријат сопствените неуспеси со евтини обвинувања.

Но, вистинската причина за оваа хистерија на СДСМ е нешто друго – нивната упорна желба да останат вазали на ДУИ. Наместо Ахмети и Груби сами да се правдаат за скандалите и катастрофалните политики што ја уназадија државата, СДСМ им ја завршува валканата работа, лаејќи по ВЛЕН. Овој нивен рефлекс е одамна познат – служат како кучиња-загари на режимот кој доживеа колапс на изборите.

СДСМ ќе се увери дека и во ова погрешиле, но џабе – кога памет, очигледно, не им доаѓа.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДСМ: За робустниот скандал на Меџити со вработување на 3.000 партиски војници мора да има одговорност
Следно соопштениеСДСМ: Очајните спинови за Ордановски, нема да го покријат скандалот со вработувањата на Меџити