СЕ АСФАЛТИРА ПАТОТ ДО МАНАСТИРОТ „СВ. МЕРКУРИЈ“ ВО СЕЛО БАРЕШАНИ

12
СЕ АСФАЛТИРА ПАТОТ ДО МАНАСТИРОТ „СВ. МЕРКУРИЈ“ ВО СЕЛО БАРЕШАНИ

Уште еден од проектите кои отпочнаа со реализација во средината на март, денеска се финализира. Градежната механизација го асфалтира патот кој води до манастирот „Св. Меркуриј“ во селото Барешани.

Должината е 580 метри, а ширината на патот 3 метри, плус банкини. По поставувањето на тампон со дебелина од 25 см, следи и асфалтирање.

Асфалтниот слој е со дебелина од 7 см, а асфалтната вкупна површина 2029 м2.

Вредноста на овој проек е 5.421.038 денари и средствата се преку Министерството за транспорт од вториот владин повик.

И овој проект е потврда на заложбите на локалната самоуправа за подобрување на состојбите и во руралните средини.

The post СЕ АСФАЛТИРА ПАТОТ ДО МАНАСТИРОТ „СВ. МЕРКУРИЈ“ ВО СЕЛО БАРЕШАНИ appeared first on Општина Битола.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче: Со укинување на техничката влада власта подготвува изборна кражба
Следно соопштениеФилипче: Само 20% наплата на приходи, економијата е во слободен пад