СЕ АСФАЛТИРААТ СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ КАЈ ООУ „ЕЛПИДА КАРАМАНДИ“

101

Согласно препораките од Владата, градежните работи во Битола, продолжија попладнево после 17:00 часот. Една од локациите на кои се работи се спортските игралишта кај основното училиште „Елпида Караманди“, каде се врши асфалтирање на терените. Проектот кој го реализира локалната самоуправа, вклучува реконструкција на фудбалско игралиште на површина од 1484 м², игралиште за кошарка на површина од 151 м², за одбојка на 262 м², фитнес зона на 220 м² и патека за трчање на површина од 306 м². Со оваа инвестиција, Општина Битола е насочена кон создавање подобри услови за спортување и физички активности на најмладите, за што од општинскиот буџет издвоени се 22.373.885 денари.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче да одговори дали кога сакаше да се зајми 500 милиони евра за Клинички кој не го изгради и да смени 4 закони и еврообврзницата со каматна стапка од 7 проценти беа поповолни од сегашната соработка со Унгарија
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Пелистерци ќе дебитираат во Лигата на шампионите во Париз