СЕ ОДРЖА ДВАЕСЕТ И ШЕСТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

91
СЕ ОДРЖА ДВАЕСЕТ И ШЕСТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

На денешната дваесет и шеста седница на Советот на oпштина Охрид, советниците со мнозинство гласови ги усвоија Предлог-одлуката за давање согласност на одлуката за задолжување со наменски кредит на ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид; Предлог-одлуката за разрешување член во Управниот одбор на ЈП„Охридски комуналец“- Охрид; Предлог-програмата за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2023 година (Н1); Предлог-програмата за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2023 година (Н2); Предлог-програмата за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2023 година (Т1); Предлог-програмата за измени на програмата за уредување на градежно земјиште за 2023 година; Предлог-програмата за измени и дополнувања на програмата ЈН урбана опрема – изградба и одржување за 2023 година; Предлог-одлуката за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2023 година; Предлог-одлуката за проширување на средствата на буџетот на општина Охрид за 2023 година.

Со мнозинство гласови беа усвоени и Предлог-одлуката за утврдување на надоместок и регулирање на постапката за одобрување на прекопи за поставување на инсталации во патна мрежа, како и за прекумерно користење на истата; Предлог-oдлуката за измени и дополнувања на одлуката за пренесување на правото за објавување на јавен оглас за давање на простор за поставување урбана опрема; Предлог-одлуката за ажурирање на процената на загрозеност на подрачјето на општина Охрид од сите ризици и опасности; Предлог-одлуката за усвојување на Процената на загрозеност на општина Охрид (административна зграда) од природни непогоди и други несреќи; Предлог-одлуката за донесување План за заштита и спасување на општина Охрид (административна зграда) од природни непогоди и други несреќи; Предлог-одлуката за давање на времено користење недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Општинска организација – Сојуз на борци Охрид и Дебрца; Предлог-одлуката за давање на времено користење недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Државен санитарен и здравствен инспекторат Охрид; Предлог-одлуката за давање на времено користење недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Државен инспекторат за труд – Подрачно одделение Охрид и Предлог-одлуката за давање на трајно користење на специјално комунално возило марка „TOYOTA“ – сопственост на општина Охрид на ЈП Нискоградба Охрид.

Исто така беа усвоени и Предлог-одлуката за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на две соседни градежни парцели ГП 3 и ГП 2 во ДУП за дел од УЗ 16-Рача дел од УБ 16.3 – опфат 3 – Охрид во КО Велестово, општина Охрид со тех.бр. 17/21 од Декември 2022 година, изработен од „Снегар Компани“, Дооел Охрид; Предлог-одлуката за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на ГП 3.21, ГП 3.21а, ГП 3.22 и ГП 3.33 ДУП за 6-та УЗ дел од УБ 6.1 опфат 1-Охрид, во Охрид 2, општина Охрид со тех.бр. 02/22 од Март 2023 година, изработен од „Снегар Компани“, Дооел Охрид; Предлог одлуката за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за формирање на една градежна парцела од ГП 3.18 и ГП 3.19 во ДУП урбана заедница 9 урбан блок 9.2 – Охрид, општина Охрид со тех.бр. 23/22 од Февруари 2023 година, изработен од „Снегар Компани“, Дооел Охрид; Предлог-одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1564/2 КО Лескоец; Предлог-одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.722 КО Свињишта; Предлог-одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.832/1 КО Охрид 4; Предлог-одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.2350/1 КО Охрид 4; Предлог-одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1323 КО Велестово; Предлог-одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1007 КО Лескоец; Предлог-одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр. 543, КП.бр. 546 и КП.бр. 545/2 КО Ливоишта. Предлог-одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр. 2105/1 КО Долно Лакочереј и Предлог-одлуката за измена и дополнување на одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на земјиштето на КП.бр. 2803/2 КО Елшани со бр. 08-15397/59 од 15.11.2022 година.

Дневниот ред на седницата беше надополнет со 6 точки: Предлог-програма за измена и дополнување на годишна програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2023 година; Предлог-одлука за утврдување почетна цена за поставување на урбана опрема- покриени и непокриени шанкови со локации; Предлог-одлука за поставување урбана опрема- покриени и непокриени шанкови со локации на подрачјето на Општина Охрид за периодот од 2023-2026 година; Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за поставување урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за 2023 година во општина Охрид; Предлог-програма за поставување реклами на урбана опрема-автобуски постојки на подрачјето на општина Охрид за период 2023-2028 година; Предлог одлука за примање на две траки за гимнастички вежби за две основни училишта во општина Охрид- донација Ховерцрафт Адриа ДОО Охрид. Овие точки беа усвоени со мнозинство гласови на советниците.

Од дневниот ред на седницата беа повлечени Предлог-одлуката за давање согласност на Одлуката за усвојување на Годишниот Извештај за спроведување на утврдените тарифи за одведување отпадни води за 2022 година на ЈП „Нискоградба“ – Охрид и Предлог-одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2023 година.

 

 

 

 

 

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЈавен повик за предлагање на кандидати за членови на локален младински совет на Општина Струмица – Општина Струмица
Следно соопштениеЈУБИЛЕЈНА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД СОЦИЈАЛЕН РИЗИК