Се одржа стручна расправа за Нацрт планот за Генералниот урбанистички план на град Струмица – Општина Струмица

206
Се одржа стручна расправа за Нацрт планот за Генералниот урбанистички план на град Струмица – Општина Струмица

По јавната расправа за Нацрт планот за Генералниот урбанистички план на град Струмица со плански период 2023-2033 година којашто се одржа на 6 ноември, денеска во Домот на АРМ се одржа стручна распрва по овој најважен урбанистички документ на Општината.

Како и на јавната така и на стручната расправа имаше голема заинтересираност од страна на стручната фела којашто потврди дека единствената тешка индустрија што ја има во Струмица е АД за неметали „Огражден“ и неопходно е во интерес на здравјето на граѓаните негово дислоцирање.

Целиот процес на носење на новиот Генерален урбанисти план на градот се одвива транспарентно и во согласност со законските прописи.

Според Софија Ристова Патрикова раководител на Секторот за урбанизам и комунални работи, во следните 15 дена граѓаните и заинтересираните институции може да поднесуваат анкетни листови со забелешки и сугестии по однос на Нацрт планот, потоа стручната комисија ги разгледува и дава извештај до планерот за вградување на прифатените забелешки.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Филип Кузмановски се врати дома, пак ќе го облече дресот на Еурофарм Пелистер
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Ангеловски: ПИК Сегед е „ранет лав“, гостуваме против супер-тим и на тежок терен (ВИДЕО)