Се одржа свечената академија по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители – Св. Кирил и Методиј – Општина Струмица

114
Се одржа свечената академија по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители – Св. Кирил и Методиј – Општина Струмица

Вчера во НУЦК „Антон Панов“ во рамките на Свечената академија по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители – Св. Кирил и Методиј, градоначалникот Костадин Костадинов ја имаше честа да им се обратам на присутните просветни работници од општина Струмица, и по третпат да ги додели наградите и признанијата на најуспешните наставници и професори од основните и средните училишта, вработени во стручните служби како и на воспитувачи и негуватели во градинките, кои се истакнале со исклучителни резултати во својата професија.

Влогот во образованието е влог во иднината. На тој начин грижата за децата, основците и средношколците добива на поголема сериозност и професионалност. Нека биде така и во иднина.

Нека е честит и вековит Денот на сесловенските просветители – Светите Кирил и Методиј. Аманетот од нив ќе го чуваме и негуваме.

Се одржа свечената академија по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители – Св. Кирил и Методиј – Општина Струмица

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски: Горди сме на делото на светите браќа Кирил и Методиј – нивната дејност темелена на македонскиот јазичен извор ги спаси Словените од одродување
Следно соопштениеОТВОРЕНО 43 ИЗДАНИЕ НА „МАЛ БИТОЛСКИ МОНМАРТР“ И 42 СВЕТСКА ДЕТСКА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА