Се преземаат конкретни чекори за реформи во јавната администрација, нов систем за раководители, обуки за службениците и дигитализација

4
Се преземаат конкретни чекори за реформи во јавната администрација, нов систем за раководители, обуки за службениците и дигитализација

Во изминатите две години реализирани беа реформи во јавната администрација, кои придонесуваат кон создавање професионални, ефикасни и одговорни институции, за да им се обезбедат поквалитетни услуги на граѓаните.

Клучен чекор е донесувањето на Законот за високи раководители, со кој за првпат се воспоставува единствен систем за избор на највисоките раководни позиции преку јавен оглас, јасни критериуми и избор според знаење, компетентност и професионално искуство. Истовремено, се воведуваат механизми за следење на нивната работа и поголема одговорност за крајните резултати.

Академијата за јавна администрација е носителот на обуките, а преку модернизацијата на Центарот за обука, повеќе од 1.000 административни службеници веќе поминаа обуки и добија пристап до современ електронски систем за учење. Воедно, се унапредуваат системите за управување со човечки ресурси, транспарентноста и процесот на подготовка на законите преку пошироки јавни консултации.

Овие промени значат администрација во која стручноста е на прво место и институции кои ќе работат поодговорно и поефикасно.

Реформите продолжуваат и во наредниот период, со цел да се изгради модерна, професионална и ефикасна јавна администрација.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС повторно шири паника, лани за пожарите, годинава за загаденоста на водата
Следно соопштениеГрадоначалникот на Гостивар не се чувствувал виновен за загрозеното здравје на неколку илјади граѓани, СДС, ДУИ и Таравари го штитат и не бараат одговорност