СЕКОЕ ДЕТЕ ДА РАСТЕ СО НАСМЕВКА

88
СЕКОЕ ДЕТЕ ДА РАСТЕ СО НАСМЕВКА

По повод 15 мај – Меѓународниот ден на семејството, СОС Детско село го организираше првиот media takeover ден во нашата земја – уникатен настан во кој со поддршка на медиумите го кренавме гласот и ја подигнавме свеста кај пошироката јавност за важноста на семејството во животот на секое дете, особено за децата без родителска грижа кои зад себе носат трауми, но пред себе, сè уште имаат надеж за иднина.

Особена благодарност упатуваме до авторот Игор Атанасоски – Гуру Харе, кој заедно со 10 врвни македонски музички уметници:
Игор Џамбазов, Пере Нокаут, Сара Мејс, Дани Димитровска, Антонија Гиговска, Влатко Лозано, Тамара Тодевска, Мијата, Андријана Јаневска и Стефан од Некст Тајм – се приклучија на нашиот повик за љубов, поддршка и заедништво и ни подарија нешто волшебно убаво – емотивна, топла и искрена песна со наслов „Насмевка“, која беше симболот на овој ден.

„Токму сега дојде време за НАСМЕВКА, нешто драгоцено, и се поретко во секојдневието… Додека ја создававме, беше наша песна, а од денес таа е подарок за сите вас – за што повеќе насмевки на овој свет,“ – изјави Харе.

Песната „Насмевка“ не е само мелодија – таа е порака. Порака дека грижата и љубовта се најсилната промена што можеме да ја понудиме.

Слушнете ја „Насмевка“. Споделете ја. Живејте ја.
За секое дете. За секое семејство. За сите нас.

Нека оваа песна ве инспирира да направите чекор повеќе. Да се грижите. Да поддржите. Да создадете насмевка.

The post СЕКОЕ ДЕТЕ ДА РАСТЕ СО НАСМЕВКА appeared first on СОС Детско село.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДСМ: Нема правда, власта ги заштити вистински виновници за Кочани!
Следно соопштениеСе распишува јавен повик за избор на членови на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал