Селекторот на женската сениорска репрезентација Љубомир Савевски го објавува поширокиот список на ракометарки за баражот против Украина – Ракометна Федерација на Македонија

100

Сениорската женска репрезентација на Македонија во рамки на женска EHF Недела која започнува од 03.04 ќе оддигра натпревари против репрезентацијата на Украина во европските квалификации за пласман на 2023 Women’s World Championship.

2023 Women’s World Championship ќе се оддржи во Данска, Норвешка и Шведска во период од 29 Ноември до 17 Декември 2023 година.

На 2023 Women’s World Championship покрај домаќините, учество на првенството обезбедија од Европа репрезентациите на Франција, Црна Гора и Холандија, од Африка репрезентациите на Ангола, Камерун, Конго и Сенегал, од Јужна Амерка репрезентациите на Аргентина, Бразил, Чиле и Парагвај, и од Азија репрезентациите на Кина, Иран, Јапонија, Казахстан и Јужна Кореја.

Сениорките натпреварите ќе ги оддиграат на 08 Април во Скопје, во СЦ “Борис Трајковски”, а три дена подоцна ќе го оддиграат реванш натпреварот за пласман на 2023 Women’s World Championship во Кисварда, Унгарија.

ПОШИРОК СПИСОК НА РАКОМЕТАРКИ

Извор на соопштението

Претходно соопштениеАпокалипсата наречена Влада на СДС и ДУИ и економските утки кои сите ги чувствуваме
Следно соопштениеНад 100 нови паркинг места и нови улици во 11 Октомври згради