Сениорките победнички ја обележаа ЕХФ неделата – Ракометна Федерација на Македонија

167

Женската сениорска репрезентација на Македонија во рамки на ЕХФ неделата оддигра два контролни пријателски средби против репрезентацијата на Велика Британија.

Во двете средби славеше нашата сениорска селекција која беше составена од ракометарки кои настапуваат во домашното првенство.

Во првата средба која се оддигра во СЦ Јане Сандански која беше од затворен карактер за јавноста, нашите ракометарки славеа убедливо, односно резултатот гласеше 36:17.

Во втората средба која се оддигра во СС Автокоманда која беше од отворен карактер за јавноста, нашите ракометарки славеа уште една убедлива победа против селекцијата на Велика Британија, односно резултатот по оддиграни 60 минути беше 37:19.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеТрибини на СДСМ за јакнење на свеста во борбата за подобро машко и женско здравје
Следно соопштениеЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ ЌЕ РАБОТАТ КОНТИНУИРАНО ЗА ВРЕМЕ НА МИНИСТЕРСКИОТ СОСТАНОК НА ОБСЕ