Сениорките со победа го започнаа квалификацискиот циклус за пласман на EHF EURO 2024 – Ракометна Федерација на Македонија

113
Сениорките со победа го започнаа квалификацискиот циклус за пласман на EHF EURO 2024 – Ракометна Федерација на Македонија

Женската сениорска репрезентација на Македонија со убедлива победа против репрезентацијата на Азербејџан го започна квалификацискиот циклус за пласман на EHF EURO 2024.

Нашата сениорска селекција е дел од групата 5 во која се уште селекциите на Шпанија и Литванија.

Избраничките на Кристијан Грчевски добро го почнаа натпреварот и рано обезбедија водство кое го одржуваа во текот на целото прво полувреме. Цврстата одбрана и успешната реализација на контра нападите беа клучни во креирањето на предноста, додека Јована Саздовска, Сара Ристовска и Андреа Седлоска ги постигнуваа погодоците за нашата репрезентација. На пауза сениорките замина со убедливо водствто 23:10.

Без сериозни проблеми и контролирајќи ја играта во текот на вториот дел, нашиот тим стигна до убедлива победа 40:17. Селекторот Кристијан Грчевски често ротираше со тимот, давајќи им минутажа на сите ракометарки, а нашата репрезентација во второто полувреме беше предводена од Ангела Јанкуловска која постина пет погодоци и Ива Младеновска која постигна 4.

Јована Саздовска и Андреа Седлоска беа најефикасните ракометарки за нашата селекција постигнувајќи по 7 подогоци, а за селекцијата на Азербејџан најрасположена ракометарка беше Слеманова Марта која постигна 6 погодоци.

Следен натпревар за сениорките е против селекцијата на Литванија на гостински терен, натпревар кој е закажан за 15.10 во Вилнис, Литванија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКоциќ: Секој што се осмелил да прави злоупотреба на онкологија, да одговара
Следно соопштениеФикусот за Стево Пендаровски е живо, раздвижено цвеќе, тој смее да има став се додека Ковачевски и Ахмети не му речат да не се согласи сам со себе