ШЕСТ ГОЛЕМИ ПРОЕКТИ ПОДГОТВЕНИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ТЕРЕН

121

Општина Битола ги заврши потребните постапки за реализација на шест големи проекти, од кои на еден веќе се работи, а за останатите согласно планираната динамика, градежните активности ќе започнат во месец мај. На врвот на шесте приоритети за овој период е отпочнувањето на реализацијата на капиталниот проект за изградба на нов противпожарен дом со површина на приземје од 386,4 м² и кат 386,4 м², гаража и простор за седум противпожарни возила на површина од 830 м². Вкупната вредност на склучениот договор за изградба на објектот изнесува 52.824.773 денари. Меѓу големите инвестиции на локалната самоуправа за оваа година е и Проектот за реконструкција на спортската сала во Бистрица, со проценета вредност од 31.200.000 денари. Реконструкцијата го вклучува приземјето на површина од 286 м² и галерија од 100 м². Приземјето вклучува мултифункционален простор за спортски активности и помошни простории во функција на спортските активности, додека главен дел во галеријата е гледалиштето за културни манифестации. Инфраструктурните уредувања во општината вклучуваат и изградба на паркинг простор и спортско – рекреативни зони и спортски игралишта. Дел од овие проекти е реконструкцијата на игралиштата во Основото училиште „Елпида Караманди“, во вкупна вредност од 22.373.885 денари, што вклучува реконструкција на фудбалско игралиште на површина од 1484 м², игралиште за кошарка на површина од 151 м², за одбојка на 262 м², фитнес зона на 220 м² и патека за трчање на површина од 306 м². Спортски игралишта ќе се реконструираат и во Брусничка населба, за што општината од својот буџет ќе инвестира 3.293.203 денари за реконструкција на тениско […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРазрешувањето на медицинскиот директор на токсикологија е  одраз на негативната селекција во здравството од СДС и ДУИ – ВМРО-ДПМНЕ ќе ги укине економските директори и владеење со уценa
Следно соопштениеЕвропски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат на СДСМ