Што очекувате од размазен поранешен градоначалник кој мандатот наместо во работа го помина во играње плеј стејшн и откако загуби за да го смират му ја дадоа Царина небаре е цуцла за смирување

113
Што очекувате од размазен поранешен градоначалник кој мандатот наместо во работа го помина во играње плеј стејшн и откако загуби за да го смират му ја дадоа Царина небаре е цуцла за смирување

Стефан Богоев од СДС вели дека далеку од нормалност и од реалност е да се очекува ВМРО-ДПМНЕ да има мнозинство. Но, она што вистински е далеку од нормалност е некој од раководството на СДС да признае каков хаос направија во државата.

Тие кога не се свесни за тоа, што очекувате да се свесни друго. Ваков пропаст и распад на систем и институции нема во историјата. И на крај на денот што очекувате да каже еден размазен поранешен градоначалник како Богоев кој мандатот го помина во играње плеј стејшн со другарчињата, па мораа да го смират кога изгуби и му ја дадоа Царина да ја води, небаре Царина е цуцла за смирување. Е тоа е далеку од нормалност.

Далеку од нормалност е што Ковачевски на член на најблиската фамилија и отстапи земја за 7 денари квадрат, што Артан бира подизведувачи за Бехтел и Енка и објавува огласи за вработување за таа фирма, надвор од реалноста е што царува дрогата насекаде и што има убиства по улици и молови, киднапирање деца, палење возила секој втор ден, што нема тендер или бизнис, а да не се инволвирани Зечевиќ ли, Ковачевски ли, Артан ли…

Далеку од нормалност е воопшто што Богоев помислува дека се уште има некој надвор од тие 140-150 илјади гласачи нивни, што може да гласа за нив. Далеку од нормалност е што си се лажат меѓу себе дека ќе формирале влада и дека ДУИ ќе им помогнела во тоа и после на ДУИ ќе им дале уште повеќе од сега. Далеку од нормалност е една ваква дрска невоспитана размазена личност, кој се наполни со пари, што воопшто може да помисли дека некој постои што сака да знае што мисли тој.

И не знаеме што е проблемот со функционерите на СДС што отекуваат само што ќе дојдат на власт. Дали е алергиска реакција или нешто друго. Е тоа не е нормално. Како во фабрика да ве произведуваат. Како што не е веќе нормално за жал ништо што го правите.

Во прилог е линк од најголемиот успех на овој благонадежен функционер на СДС.

Гледајте и кажете после што е далеку од нормалност, а што не е.

Стоилковски: Од голтари до милионери – Стефан Богоев станува хотелиер, 10 дена пред локалните избори неговата мајка купува имот од 7.500 м2 до Беровско езеро

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВладата не води грижа за здравствениот кадар, ама води грижа само за вработување на децата на директорите на клиниките
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Силјан Мицевски е „татко“ на ракометното движење и РК Пелистер