Симов: “Македонија треба да биде земја на задоволни граѓани”

40
Симов: “Македонија треба да биде земја на задоволни граѓани”

Проф. д-р Орце Симов, потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и претседател на ИКТ комората, гостуваше во емисијата “Да си кажеме” на ТВ Телма. Тој се осврна на економскиот дел од новата владина програма и очекувања на бизнис заедницата од истата.

Тој рече дека Македонија треба да биде земја на задоволни граѓани, политиката мора да го изгуби епитетот на најдобар бизнис, а тој што сака да биде богат да се занимава со бизнис, а не со политика. Индикаторите кои го покажуваат здравјето на економијата, покажуваат неповолни вредности, мораме да ја смениме насоката на траекторијата по која се движи државата, во спротивно Македонија ќе го губи човечкиот потенцијал.

“Потребно е да се започне бораба со сивата економија и корупцијата, очекуваме јавните набавки да бидат транспарентни и да се подобри околината во која функционира бизнисот. Едноставно да тргнеме во една позитивна насока, луѓето да не размислуваат за иселување и да се даде еден сигнал дека има задоволство да се живее во Македонија”, истакна проф.д-р. Симов.

Повеќе на линкот:https://youtu.be/O4zfPUUgXII?si=pxR53h0ECj-N1cS4

Previous articleАнгелоски: Машинскиот факултет создава кадар кој ќе ја гради иднината на нашата земја

SSKM

Извор на соопштението

Претходно соопштение24 милиони евра за километар железница која завршува во тунел кој не води никаде, на тоа СДС и ДУИ трошеле пари
Следно соопштениеПратеничката група на Левица со прва кривична пријава против Африм Гаши, поради неодземањето на мандатот на Талат Џафери Левица