Трпе Деаноски, претседателот на гранковиот синдикат УПОЗ, кој инаку е и член на претседателството на ССМ, избрал луѓе блиски до СДС кои се членови на синдикатот и организирал четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора кои чинеле 60.000 евра.
Привилегирани лица добиле можност да учествуваат на овие спортски игри, иако УПОЗ брои над 3.000 членови. Разочарани членови на синдикатот кажаа дека предност добиле лица кои се блиски до СДС.
За ова Деаноски во јавноста почна да шири празни флоскули и демагогии.
Раководството на ССМ продолжува да покажува дека веќе се оддалечува од членството. Наместо да се борат за правата на работниците, целосно го имаат запоставено значењето на синдикатот и што тоа значи. Затоа, ССМ секојдневно губи се повеќе членови и затоа се повеќе го губи легитимитетот.
Синдикатите постојат за заштита на работничките права, не постојат за членови на претседателството на ССМ да се луксузираат на Јадранот на грб на работниците, кои плаќаат чланарина, за Деаноски да може чланарината да ја троши на спортски игри каде учествуваат само привилегираните.
