СИНДИКАТИТЕ ЗА ЗДРАВСТВО И ВЛАДАТА ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ

4

Платите на здравствените работници овој месец ќе се зголемат за десет проценти согласно коефициентите, а веќе следната година во март ќе има зголемување од пет проценти, договорено е на состанокот на двата репрезентативни синдиката на здравствените работници со премиерот Христијан Мицкоски.

Веќе следната година во март месец ќе има дополнителни 5 проценти зголемување на паричната маса која се издвојува за плати за здравствените работници, следната година 2026 од 5 до 7 проценти, во зависност од тоа во каква состојба и кондиција ќе биде Буџетот.

Зголемување од 5 до 7 процени на паричната маса, се планира да се оствари и во 2027 година, а од 7 до 10 проценти ќе биде во 2028 година.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеАнгелоски: “Инвестирањето во човечкиот потенцијал е најдобра инвестиција за бизнисот”
Следно соопштениеЛевица предложи амандмани за прекин на партиските вработувања во културните установи Левица