Со своите анегдоти и уникатен хумор ги насмеа сите присутни кои цел час уживаа во енергијата и духот на ова стенд ап шоу.
Како поддршка и одлично дополнување, на Велевски му се придружи и Игор Стојанов-Баркли, кој донесе уште повеќе смеа и аплаузи.

Со поддршката на ваквите настани, општината продолжува со реализацијата на стратегијата за обезбедување на квалитетни и актуелни содржини за своите граѓани, поттикнувајќи го културниот живот на локално ниво.


а крајот, публиката беше поканета да го следи завршниот настап на стенд-ап турнејата насловена ,,Све ли ја да мислам”, за кој картите се во продажба и кој ќе се одржи во клубот ,,Станица 26″ на 18.11.2023, каде што Бојан уште еднаш ќе го презентира својот уметнички шарм и непогрешливо чувство за хумор.
