СИТЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ПАЦИЕНТИ ВО СОЛУН ВО МОМЕНТОТ СЕ ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА – Министерство за Здравство

103
СИТЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ПАЦИЕНТИ ВО СОЛУН ВО МОМЕНТОТ СЕ ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА – Министерство за Здравство

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и д-р Илир Вела, пристигнаа во Солун со цел да ги посетат и да се информираат за здравствената состојба на хоспитализираните пациенти.

СИТЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ПАЦИЕНТИ ВО СОЛУН ВО МОМЕНТОТ СЕ ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА – Министерство за Здравство

Ги посетивме Општата болница Папаниколау и Воената болница во Солун и во овој момент можам да информирам дека сите пет пациенти примени во овие установи се во стабилна состојба. Изразувам искрена благодарност до нашите колеги во Солун, како и до грчкиот народ и владата, за нивната посветеност и поддршка, како и помошта која ни ја пружија во овие моменти, изјави министерот Таравари.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНационализмот е последното прибежиште на криминалците
Следно соопштениеОд партијата која стана колевка на криминалот нема осуда и оградување, но, тоа нема да ги спаси од одговорност