„Сите сме нивни деца“

140
„Сите сме нивни деца“

Црвениот крст на Република Северна Македонија од 20 до 26 ноември 2023 година ја одбележува  „Неделата на грижа на старите лица“ под мотото: „Сите сме нивни деца“.  Целта за одбележување  на  неделата е да се подигне јавната свест  за потребата од зголемена интеграција на старите лица во сите сфери на општествениот живот, како и потреба за обезбедување грижа и помош на старите лица.

Поддршка во одбележување на неделата е обезбедена од страна на УНФПА со која организација Црвениот крст на РСМ остварува соработка на актуелни прашања наменети за старата популација, како и здравствена превенција на ранливи целни групи население. Обезбедена е поддршка за функционирање на 7 мобилни тимови од волонтери на Црвениот крст за  бесплатна услуга за набавка и достава на храна, хигиена, лекови и др. на стари и осамени лица во Скопје, Битола, Велес, Гостивар, Кичево и Кочани.

Во текот на неделата преку Црвениот крст на град Скопје и општинските организации во земјата ќе бидат организирани 26 информативни работилници со старите  лица за нивно запознавање со правата од социјална и здравствена заштита со цел подобрување на нивниот квалитет на живеење и здраво стареење, како и ќе бидат организирани акции за бесплатно мерење на шеќер во крвта.

Покрај овие активности, во соработка со локални партнери и поддржувачи ќе се организираат  и едукативни работилници на теми од интерес за постарите граѓани, тематски работилници за поттикнување на социјална инклузија на старите лица, како и друг вид активности за активно и здраво стареење.

The post „Сите сме нивни деца“ appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЈО веднаш да покрене истрага – Случајот Диво месо е реалната слика како функционира македонското здравство во владеењето на СДС и ДУИ
Следно соопштениеСДСМ гради за иднината, стартува најголемиот енергетски проект Чебрен