Скандал, секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци

56
Скандал, секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци

СДС продолжува да докажува како тие ја користат власта, онаму каде што останаа власт.

СДС продолжува да докажува дека нема желба за промена, туку дека им одговара терминологијата – „како до сега”.

Во Струмица, каде што градоначалник е Костадин Костадинов, од редовите на СДС и близок човек на Заев, ја искористува општината за партиски цели.

Во општинско училиште во Струмица, партиските структури на СДС си одржуваат состаноци. На фотографии кои се веќе во јавноста, јасно се гледа дека училиштето е специјално отворено во доцните часови, за активисти на СДС да имаат состанок.

Ова е уште еден доказ за лошото владеење на СДС. Ниту сакаат, ниту имаат желба за промена. Ова е вистинското лице на СДС кое за жал ја упропасти државата во минатото.

СДС ја сака власта исклучиво за партиски цели.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДенот во 60 секунди – Македонскиот павилјон меѓу 10-те највпечатливи на Венециското биенале, GOVTECH дигитална програма за решавање на проблемите на граѓаните, се зголемува довербата на граѓаните во финансискиот систем
Следно соопштениеВенко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна, Венко го негира Филипче