Европските Младински Олимписки Игри првпат се одржаа во Брисел во 1991 година, а Скопје во 2025 година ќе биде домаќин на 25-те Европски Младински Олимписки Игри, на кои се очекува да учествуваат повеќе од 4.000 млади спортисти од 50 европски држави, кои ќе се натпреваруваат во 12 олимписки спортови.
Честа е голема што Скопје и МОК во 2025 година ќе бидат домаќини на ваков голем и престижен спортски настан. Одржувањето на младинската олимпијада во Скопје е одлична можност за афирмација на нашиот град како спортско-туристичка дестинација, а ние уште еднаш ќе се покажеме како одлични домаќини. Организацијата на настанот е и одлична можност со поддршка на ЕУ да инвестираме во подобрување на нашите капацитети и инфраструктурата со што ќе ги подобриме условите за спортување на младите генерации успешни спортисти.