Претходно (21 Јули), делегација на ЕОК, го посети МОК кој организираше посета на спортската инфраструктура како и на сместувачките капацитети, но и средби со заменик Претседателот на Владата на Северна Македонија, г-динот Фатмир Битиќи и градоначалникот на град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска. Сите, во еден глас ја поздравија оваа иницијатива на МОК и истакнаа дека овој најголем младински Европски мулти-спортски настан е извонредна можност да докажеме дека МОК и градот Скопје се подготвени да ја прифатат привилегијата и оваа неверојатна можност и извонредна обврска да бидеме домаќини на најдобрите млади европски спортисти благодарение на довербата на Европските олимписки комитети. Од организациски аспект претстои многу работа, но имајќи предвид дека зад МОК стојат ЕОК, но и Владата на Северна Македонија како и градоначалникот на Град Скопје, може само да се заклучи дека сме подготвени да дадеме неверојатни игри во Скопје, во 2025 година!
