Следува одговорност, Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

79
Следува одговорност, Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС и ДУИ, Артан Груби.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби се поврзува со сериозен криминал и корупција во периодот на владеење на СДС и ДУИ.

Осомничен е за проневера во службата за случајот со државна лотарија. Штетата на државата од неговите постапки е над 8 милиони евра со индиции сумата да биде и значително повисока.

Во јавноста беа изнесени сомнежи дека заедно со тогашниот директор на Државна лотарија, Бајрами, биле спроведувани спорни тендерски постапки и исплаќани аванси кон деловни партнери.

СДС знаеле за криминалот на Груби и молчеле и не реагирале.

СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами, а под покровителство на Груби тоа го потврди и извештајот на ДЗР.

Јавноста очекува институционална разрешница.

Борбата против криминалот и корупцијата е приоритет, а секој што постапувал спротивно на законот ќе мора да одговара согласно правниот поредок.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПравда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна
Следно соопштениеДефокус не го полни фрижидерот, потребна е 600 евра минимална плата