СЛУЖБИТЕ ОД ОПШТИНА КАРПОШ ЗАПОЧНАА СО РЕДОВНОТО КОСЕЊЕ НА БЛОКОВСКОТО ЗЕЛЕНИЛО

70
СЛУЖБИТЕ ОД ОПШТИНА КАРПОШ ЗАПОЧНАА СО РЕДОВНОТО КОСЕЊЕ НА БЛОКОВСКОТО ЗЕЛЕНИЛО

Косењето и чистењето на јавните површини кои се во надлежност на локалната самоуправа во наредниот период ќе бидат редовно одржувани согласно утврдената динамика која ќе зависи од потребите на теренот како и од временските прилики. Во таа насока, службите од Карпош кои се задолжени за одржување на јавната хигиена и чистота, покрај секојдневното чистење на улиците и депониите, минатата недела започнаа и со пролетно косење на тревните површини. Според надлежните службеници, косењето оваа сезона ќе биде редовно и навремено се со цел да им се овозможи на граѓаните безбедно и достоинствено да уживаат во еко средината во топлиот период кој ни претстои.

Воедно алепираме и до жителите за одговорно однесување кон хигиената на јавните површини и заедно да допринесеме до чист Карпош.

Чистата животна средина и хигиената во Карпош се наш императив во целта да овозможиме квалитетен живот за нашите жители.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОние кои станаа милионери на грбот на граѓаните се Филипче и Заев
Следно соопштениеВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата