Со Биби и Боби во Веро направи добро дело

16
Со Биби и Боби во Веро направи добро дело

Оваа есен, Светот на Биби и Веро маркетите ги здружуваат срцата во голема хуманитарна кампања – заедно да ја наполниме кошничката со љубов, грижа и надеж за оние на кои им е најпотребна: децата и младите без родителска грижа поддржани од СОС Детско село.

Од 20 август до 20 септември, секое купување на производ од асортиманот на Светот на Биби во Веро маркетите значи и донација за СОС Детско село.

Со секој производ што ќе го одберете – било да е играчка, училишен прибор, боенка или облека од светот на омилената Биби – вие станувате дел од една поголема мисија: да создадеме подобро и посреќно детство за децата поддржани од СОС Детско село.

Вашата поддршка значи повеќе насмевки, повеќе сигурност и повеќе можности за иднината на децата без родителска грижа, затоа што секое дете заслужува среќа, грижа и семејство кое ќе биде до него.

Те покануваме да бидеш дел од оваа приказна. Купи, поддржи и подари детство полно со љубов.

The post Со Биби и Боби во Веро направи добро дело appeared first on СОС Детско село.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС го претвори лозарството во буниште, ВМРО-ДПМНЕ обезбедува сигурен откуп и исплата на лозарите
Следно соопштениеЗначи, вака изгледа кога некој те сака?