СО „FAIR GAME“ КОН ЕДНАКОВ ПРИСТАП ДО СПОРТОТ – КАРПОШ МЕЃУ ЕВРОПСКИТЕ ПАРТНЕРИ

71
СО „FAIR GAME“ КОН ЕДНАКОВ ПРИСТАП ДО СПОРТОТ – КАРПОШ МЕЃУ ЕВРОПСКИТЕ ПАРТНЕРИ

Општина Карпош е активен учесник во меѓународниот проект „FAIR GAME: Gender-equal Access to Movement and Exercise“, кој официјално започна во рамки на  дводневната конференција, која неодамна се одржа во Општина Пеќ. Инаку, оваа косовска општина е водечки партнер во проектот кој е финансиран од Европската Унија, во рамки на програмата CERV (Citizens, Equality, Rights and Values Programme) и истиот обединува општини и организации од повеќе европски земји. Покрај Општина Карпош, партнери во проектот се и организации и институции од Италија, Португалија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, како и меѓународната организација АЛДА.

                Во таа насока, претставниците од Секторот за развој од Општина Карпош, Александра Теова и Роберт Јанковски активно учествуваа во работните сесии и дискусии, разменувајќи позитивни искуства и добри практики на европско ниво. Целта на проектот „FAIR GAME“ е промоција на родовата еднаквост во спортот, како и зголемување на учеството на жените и девојките во физички активности. Оваа активност ќе се реализира преку зајакната меѓународна соработка, размена на успешни модели и креирање на инклузивни политики на локално ниво.

                На отворањето на конференцијата, директорката за култура, млади и спорт во Општина Пеќ, Џенет Сика, ја нагласи важноста од системска поддршка за еднаков пристап до спортот за сите.

                Во текот на конференцијата беа разгледани клучните предизвици и локалните бариери со кои се соочуваат жените и девојките при вклучување во спортски активности, како и европските перспективи и најдобрите практики презентирани од меѓународните партнери. Особен акцент беше ставен на улогата на локалните институции во креирање и имплементација на инклузивни политики. Со своето учество, Општина Карпош ја потврдува сопствената заложба за промоција на еднаквоста, инклузивноста и динамичниот животен стил, како и за активно учество во европски иницијативи кои придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?
Следно соопштениеМицкоски го поддржува Орбан – рускиот претставник во ЕУ