Со инвестиција од 6 милиони евра, почна изградбата на фабрика „Чагатај Кабло“,  Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со привлекување на нови странски инвестиции

52
Со инвестиција од 6 милиони евра, почна изградбата на фабрика „Чагатај Кабло“,  Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со привлекување на нови странски инвестиции

Владата  предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано работи на привлекување на нови странски инвестиции.

Инвестицискиот процес продолжува и со камен темелникот на „Чагатај кабло“.

Македонија станува земја на можности каде инвеститорите имаат доверба и партнер во владата.

Во Технолошко индустриската развојна зона Скопје започна изградбата на нова фабрика на турската компанија „Чагатај кабло“. Инвестицијата е вредна 6 милиони евра, објектот е со површина од 10 илјади метри квадратни и се планираат 200 нови вработувања.

Чагатај Кабло произведува жици и кабли за автомобилската индустрија и снабдува водечки производители на автобуси, трактори, камиони, градежни машини.

Инвестиции се доказ дека економијата се стабилизира и расте. Инвестициите го зајакнуваат економскиот раст.

Македонија станува атрактивна дестинација за домашни и странски инвеститори. Новите инвестиции создаваат нови работни и го поттикнуваат технолошкиот напредок и извозот.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи во насока на поддршка на бизнисот и подобрување на деловната клима со цел државата да се позиционира како конкурентна економија во регионот.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче: Пораката на власта е јасна- секој кој ќе пријави владин криминал, ќе се соочи со опасност по личната безбедност
Следно соопштениеСДС со својата поданичка политика и сервилност ја доведе  Македонија до негирање од страна на Бугарија