СО НАВРЕМЕНА ПРЕВЕНЦИЈА И КОНТРОЛА СПРЕЧИВМЕ НЕПОСАКУВАН РАСТ НА ЗАРАЗЕНИ СО ККХТ – Министерство за Здравство

139

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, утрово одржа консултација со членовите на Комисијата за заразни болести, каде се анализираше актуелната состојба со конго-кримска хеморагична треска (ККХТ) во државата. Состанокот го иницираше министерот Меџити, каде порача дека здравствениот систем навремено и соодветно одговори по детектирањето на првите случаи на ККХТ.

Министерот истакна дека брзата реакција на здравствените власти, спречија нови сценарија во форма на експоненцијален раст на број на нови случаи со ККХТ. Министерството за здравство и сите здравствени иституции навремено и професионално одговорија и со набавка на соодветна терапија, која и покрај реткоста, за 24 часа стигна во нашата земја. Меџити посочи дека останува во редовна комуникација и консултација со Комисијата за заразни болести, ИЈЗ, Инфективната клиника и доколку е потребно ќе бидат предложени соодветни мерки за подигнување на степенот на превенција на уште повисоко ниво. Министерот д-р Меџити на состанокот упати благодарност до сите здравствени работници кои го даваат максимумот да одговорат на потребите на пациентите.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗа 40% ја зголемивме просечната пензија за само шест години
Следно соопштениеГРАДЕЖНИ РАБОТИ ВО УЧИЛИШТАТА, ПОДОБРУВАЊЕ НА ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА, ПОДГОТОВКА НА НОВИ ДЕТСКИ ГРАДИНКИ И ДРУГИ ПРОЕКТИ ВО ТЕК ВО ОПШТИНА БИТОЛА