СО НОВАТА БИОЛОШКА ТЕРАПИЈА ПОДОБРЕН КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ НА ПАЦИЕНТИТЕ СО ХЕМОФИЛИЈА

38

-Чест ми е што денес со Здружението на лица со хемофилија, фон Вилебранд и ретки коагулопатии-ХЕМОЛОГ заеднички го одбележавме Светскиот ден на хемофилија. Во изминативе години се подобри квалитетот на живот на пациентите со хемофилија, грижата за нив мора да се продолжи и понатаму, но и да се зголеми, рече министерот за здравство д-р Илир Демири.

Во 2020 година, за оваа група пациенти е воведена иновативна биолошка терапија, со која повеќекратно се намалува зачестеноста од крварења. Со примање на овој лек, квалитетот на живот се крева на ниво на кое лицата со хемофилија функционираат комплетно независно, без непотребни отсуства од училиште или од работа.

Во регионот, веднаш по земјите членки на Европската унија: Словенија, Хрватска и Бугарија, нашата држава е прва земја, која овој лек го направи достапен за лицата со хемофилија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеГоран Ѓорѓиевски говорник на настанот „𝐓𝐡𝐞 𝐃𝐢𝐚𝐥𝐨𝐠𝐮𝐞 𝐨𝐧 𝐑𝐞𝐝𝐮𝐜𝐢𝐧𝐠 𝐀𝐠𝐫𝐢𝐜𝐮𝐥𝐭𝐮𝐫𝐞 𝐀𝐠𝐫𝐢𝐜𝐮𝐥𝐭𝐮𝐫𝐞’𝐬 𝐂𝐚𝐫𝐛𝐨𝐧 𝐅𝐨𝐨𝐭𝐩𝐫𝐢𝐧𝐭“
Следно соопштениеКовачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување!