Собранието на Комората на геодетски друштва усвои Декларација за развивање и унапредување на приватниот гоедетски сектор со која ќе бара од државните институции поддршка за креирање на законски и подзаконски решенија кои се создадат поволни услови за водење на бизнис во овој сектор. На седницата беше донесена и одлука за формирање на Советодавно тело, чии членови се домашни и странски експерти од геодетската област кои ќе бидат во функција на стручна поддршка на работата на Комората.
![](https://i0.wp.com/chamber.mk/wp-content/uploads/2023/02/DSC_0667.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
„Декларацијата се состои во неколку точки кои се во вид на начела во кои се предвидува и се повикува на изработка на заедничка стратегија со сите инволвирани чинители на геодетскиот сектор во земјава, а се нагласуваат и најголемите проблеми со кои се соочува Комората и фелата. Овие начела претставуваат и црвените линии, преку кои Комората нема намера да премине при донесувањето на сите идни законски и подзаконски решенија“, истакна м-р Никола Рибароски, претседател на Комората на геодети.
Декларација за развивање и унапредување на приватниот геодетски сектор ќе биде комуницирана со највисоките државни структури и органи, за создавање на поповолен амбиент за носење на национална стратегија за реорганизација и унапредување на приватниот геодетски сектор, во која ќе бидат вклучени сите чинители на геодетскиот сектор во земјава. Комората преку оваа декларација бара и се залага законски и подзаконски решенија да ги следат најдобрите европски пракси, а пред да ги гарантираат на начела на јасна дистинкција на приватниот од јавниот геодетски сектор, да создадат подобар амбиент за бизнис, да ги зголемат ингеренции на приватните геодетски компании; да направат прецизно класифицирање на овластувањата и лиценците за работа на приватните компании, да овозможат поголема слобода за геодетски компании при предлагањето на тарифници и ценовници.
![](https://i0.wp.com/chamber.mk/wp-content/uploads/2023/02/Foto-14.02.2023.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Советодавното тело го сочинуваат докажани експерти во областа, но и членови на Комората. Тоа ќе има советодавна функција при донесувањето на стратегијата, законски решенија но и ќе се грижи за стручното унапредување и усовршување на членките на Комората.
„Потребата од советодавно тело на Комората е нужна за развој и прогрес на Комората. Тоа ќе вклучува експерти од областа на севкупната геодезија, без разлика дали се членки на Комората, но и надворешни членови кои делуваат во земјата, но исто така и од странство. Заедничко на членовите на Советодавното тело е нивната експертиза во делот на геодетската дејност и нивната желба и волја да помогнат за развојот на Комората. Нивниот придонес би бил преку давање конструктивни предлози врз база на нивните стекнати искуства и знаење да советуваат во насока на долгорочен развој и подобро, поефикасно функционирање на активностите и дејствувањето на Комората“, изјави Никола Рибароски, претседател на Комората кој го формира ова советодавното тело.