СООПШТЕНИЕ

111
СООПШТЕНИЕ

Ги известуваме сите граѓани од општина Карпош дека уписот во прво одделение за учебната 2024/2025 година завршува денес (31 мај 2024 година). Ги повикуваме сите граѓани кои имаат првачиња да го искористат денешниот ден за тестирање и упис на децата, за раководствата на училиштата да можат да направат правилна распределба по одделенија и соодветна употреба на просторот во училиштето, а се со цел на 1 септември да имаме успешен старт на новата учебна година.

Овој апел посебно се однесува за граѓаните од ромска националност, од населеното место Злокуќани кои и покрај пет посети од раководството на ОУ Аврам Писевски на нивните домови до денес немаат запишано ниту едно дете.

Посебно сакаме да ги информираме граѓаните од други општини кои се обидуваат со разни фиктивни договори и прават обиди да ја изиграат одлуката на советот за реонизација на училиштата како и непримање на ученици од други општини на територија на Карпош дека ќе бидат оневозможени во својата намера.

Со почит,

The post СООПШТЕНИЕ appeared first on Karpos.gov.mk.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеSmall Language Models SLMs 2024 overview
Следно соопштениеЕлектроснабдување