СООПШТЕНИЕ

92
СООПШТЕНИЕ
За жал, неодговорноста зема данок. И тоа данок кој директно го загрозува човечкото здравје. Во конкретниот случај потешко е повредено еден малолетник кој случајно поминувал во паркот измеѓу улицата Никола Русински и Карпошево Востание и врз него паднало дрво. За жал малолетникот има повреди на телото. Пренесен е во Ургентен центар. Иронијата да биде поголема, инцидентот се случува само на 5 метри од пунктот на ЈП „Паркови и зеленило“ кое е должно, согласно Законот за локална самоуправа, да го исече ова дотраено дрво. Одговорноста на „Паркови и зеленило“ е уште поголема зошто истото дрво било обележано и тоа подолго време за сечење, меѓутоа, како и во стотици други случаи јавното претпријатие и Градот Скопје остануваат глуви на барањата на Општина Карпош и на граѓаните. Општина Карпош бара Министерството за внатрешни работи да го документира овој немил настан, да се утврди одговорноста и за истата да се сносат правни последици.

Општина Карпош уште еднаш јавно предупредува дека вакви немили настани ќе ни се случат и во градинките како резултат на тоа што Владата не одобрува вработувања на негувателки, воспитувачки и технички персонал на сите оние кои веќе заминале во пензија.
Уште еднаш апелираме до надлежните државни институции дека си играат со здравјето на децата и не би било добро доколку се случи немил настан, па потоа да ги решаваме проблемите и да бараме одговорност. Здравјето и безбедноста на децата немаат цена.

The post СООПШТЕНИЕ appeared first on Karpos.gov.mk.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСТУДЕНТИТЕ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ СО КРЕАТИВНИ ПРЕДЛОЗИ ЗА ОПЛЕМЕНУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПРОСТОР
Следно соопштениеВладата на ВМРО-ДПМНЕ испорача 3,1% економски раст во втората половина на 2024 година