АПЛАУЗ ЗА ХЕРОИТЕ НА КАРПОШ!
Општина Карпош ги повикува сите карпошани да ни се придружат во одбележувањето и изразувањето благодарност до вработените во општинската администрација, кои изминатите денови несебично и пожртвувано беа на терен и помогнаа во расчистувањето на последиците од невремето.
Заедно да им оддадеме признание и заслужен аплауз на сите кои дадоа свој придонес и помогнаа нашиот Карпош повторно да биде уреден и безбеден.
28 јули
15:15 часот
Холот на Општина Карпош
Ве очекуваме заеднички да им кажеме БЛАГОДАРАМ на нашите херои!
