Сопругата на Ковачевски влегува во бизнис од 1 милион евра додека тој е премиер

154
Сопругата на Ковачевски влегува во бизнис од 1 милион евра додека тој е премиер

Додека Ковачевски е премиер, неговата сопруга добива државна земја за изградба на фотоволтаична централа.

1.119 м2 за 70 денари по м2 добива сопругата на Ковачевски со Одлука на Влада, која наместо Ковачевски ја потпишува Артан Груби.

Бизнисот од кој Ковачевски тврдеше дека излегол, и го оставил на кумот, сега влегува неговата сопруга и сето тоа додека тој е премиер.

Земјиштето кое Ковачевска го добила од Владата е последниот дел од сложувалката за дооформување на нејзината парцела и вадење на дозволи за градба.

Како што пишуваа медиумите се работи за инвестиција на 1.8 мегаватна централа, чија изградба чини над 1 милион евра.

Додека народот гладува, семејството на Ковачевски влегува во милионски бизниси. Затоа се потребни промени.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРамо до рамо со граѓаните на Тетово, Јегуновце и Теарце: Со СДСМ минимална плата од 20.175 денари
Следно соопштениеВо Скопје Мицкоски ја прокоцка шансата што му ја дадоа граѓаните