Македонскиот Олимписки Комитет потпиша Меморандум за соработка со единаесет основни училишта кои ќе бидат дел од новата етапа на промоција на олимписките вредности и спортското образование!
Училиштата вклучени во иницијативата се:
ОУ „Ацо Шопов“ – Бутел
ОУ „Браќа Рамиз Хамид“ – Шуто Оризари
ОУ „Дитурија“ – Сарај
ОУ „Рајко Жинзифов“ – Драчево
ООУ „Димката Ангелов Габерот“ – Кавадарци
ООУ „Гоце Делчев“ – Кавадарци
ООУ „Кочо Рацин“ – Куманово
ООУ „11 Октомври“ – Куманово
ООУ „Толи Зурдумис“ – Куманово
Подрачно училиште ООУ „Кочо Рацин“ – с. Драгоманце, Општина Старо Нагоричане
ООУ „Петар Мусев“ – Богданци
ООУ „Кирил и Методиј“ – Стојаково
Во рамките на оваа активност, ОКСМ ја продолжува акцијата за донирање спортска опрема во сите училишта вклучени во проектот, со цел да се создадат подобри услови за физичка активност и подигнување генерално на условите за спорт во нашата држава.
Овој потфат е дел од проектот „Empowering Communities through Olympic Values Education“, финансиран од Олимписката солидарност, преку кој во моментов се изработува првиот Прирачник за олимписко образование — историски чекор во поврзувањето на образованието и спортот во нашата земја.
ОКСМ со гордост продолжува да гради заедници инспирирани од олимписките вредности: пријателство, почит и извонредност.
#OlympicSolidarity #OVEP #OlympicValues
