Советниците на Левица поднесоа иницијатива во која се бара итна седница на советот на Општина Велес за спас на езерото Младост Левица

17
Советниците на Левица поднесоа иницијатива во која се бара итна седница на советот на Општина Велес за спас на езерото Младост Левица

Согласно извештајот од Хидробиолошки завод-Охрид со бр.03-230/1 од 18.07.2024год. водата во езерото Младост како и целиот локалитет се наоѓа во загрижувачко алармантна состојба и сите вредности од физичко – хемиски аспект укажуваат на нефункционалност на овој езерски екосистем.

Дополнително во извештајот е наведено дека водата е ризична за опстанокот на живиот свет во акумулацијата, ризична по здравјето на капачите, како и за останата намена за потребите на хуманата популација.

Поради овие причини сметаме дека е итно потребна вонредна седница на која ќе се разгледа извештајот од Хидробиолошки завод-Охрид како и информација од Државниот инспекторат за животна средина за извршениот вонреден надзор над правни субјекти во околината на езерото, како и на ЈКП Дервен кој управува со Регионалниот колектор за фекална канализација за населените места Кумарино, Сојаклари, Отовица и Сателитска населба на езеро Младост.

Loading



Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА „СОЛУНСКА“ НА ПОТЕГОТ ОД ТРЕТА РЕОНСКА ДО УЛИЦА „ПЕЦО БОЖИНОВСКИ“
Следно соопштениеКовачевски: Амандманот на СДСМ е да продолжи зголемувањето на платите и правата од колективните договори