Советот на општина Струмица ја одржа својата 25 седница – Општина Струмица

179

Денес Советот на општина Струмица ја одржа својата 25 седница, на која предмет на расправа и одлучување беа 15 точки од дневниот ред.

Советниците со мнозинство гласови, покрај другите, донесоа пет важни одлуки од областа на урбанизмот, ги изгласаа извештаите за работата на ЈПЕД „Струмица гас“ и на ЈПКД „Комуналец“ за првото тримесечје од годината, а беше усвоен и Статут на Јавното сообраќајно претпријатие „Струмица – Транспорт“.

На седницата присуствуваше и градоначалникот Костадин Костадинов кој дискутираше по одредени точки од дневниот ред, а при крајот од седницата изрази јавно задоволство од спроведувањето на демократските принципи во работата на Советот.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКрводарителни акции
Следно соопштениеЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЧНАТА МРЕЖА ВО СЕЛО ЕГРИ