Спасовски ја излажа јавноста за возилото на Жежовски, потврда за тоа е телеграмата од СВР Велес, до сите СВР во Македонија

110
Спасовски ја излажа јавноста за возилото на Жежовски, потврда за тоа е телеграмата од СВР Велес, до сите СВР во Македонија

Оливер Спасовски, треба да се засрами од своите лаги, пред новинарите и пред македонската јавност, каде ладнокрвно излажа, во врска со возилото на убиениот Панче Жежовски.

На 4 декември, кога Спасовски држеше заедничка прес конференција, заедно со Гаврил Бубевски, за возилото на Панче изјави: -Тоа возило не се движи до 27 ноември и немавме информација дека е одземено. А е регистрирано од камери, како и возило рено. Извршен е и претрес во политичката партија Трета, на која ѝ припаѓале и најдени се извесни информации“.

Ова не е вистината. Вистината е дека во МВР знаеле на 24 ноември, дека возилото на сега убиениот а тогаш исчезнат Панче, е исчезнато уште од 22 ноември односно 5 дена пред убиството на Вања.

Како доказ на ова е телеграмата, испратена од СВР Велес до сите СВР на територија на Македонија, а во која се нотира дека лицето Панче Жежовски заедно со својот автомобил, а тоа е автомобилот со кој била киднапирана Вања, е пријавен за исчезнат од страна на член на неговото семејство на 24 ноември. Полицијата по однос на овој случај презема акција дури 4 дена откако е пријавено исчезнувањето, т.е. на 28 ноември, што е датум кога е испратена оваа телеграма.

Доколку навреме се реагирало, веќе на 24 ноември и била објавена централна објава по возилото, убијците на Панче ќе биле пронајдени, а Вања можеби ќе беше спасена и немаше да се случи ова монструозно дело.

Оливер Спасовски да престане да се крие и да понесе одговорност, како врвот на МВР. Со криењето на овој податок од јавноста, нема да успеат да се амнестираат.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеБитиќи од трибината „Повеќе за сите“ во Гостивар: Со новите мерки обезбедуваме поддршка за 120 илјади млади лица
Следно соопштениеДостава на писмен извештај за праг за информирање на граѓаните на Општина Струмица за наредните денови – Општина Струмица