СПОРТСКАТА САЛА ВО ООУ “АВРАМ ПИСЕВСКИ,, ДОБИВА НОВИ ПРОЗОРЦИ

269
СПОРТСКАТА САЛА ВО ООУ “АВРАМ ПИСЕВСКИ,, ДОБИВА НОВИ ПРОЗОРЦИ

Општина Карпош започна со целосна промена на прозорците во спортската сала на ООУ “Аврам Писевски,,. Летниот период е најидеалниот период за реконструкција и обновување на одредени објектите. Така, по промената на прозорите, покривот и фасадата на истото училиште во 2012 година, својот ред го доби и салата во која спортуваат најмалите.

 

Локалната самоуправа за оваа намена, од својот буџет, одвои околу 630.700 денари, а во реконструкцијата влегуваат ПВЦ конструкција вклучувајќи, рамка, крила и т-пречки, изработени од шестокоморни профили со двоен дихтунг за звучна и  термо изолација. По тој повод, денеска градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски беше во обиколка на оваа училишна установа.

-Овој период ги менуваме стаклата, односно прозорите во спортската сала Аврам Писевски, ќе се постават заштитни кутии, и на тој начин ќе ги заштитиме учениците од несакана незгода при кршење од топка или било што друго. Прозорите ќе располагаат со механизми за отворање и затворање, со цел да се ветрее просторијата. Покрај ова, училиштето “Аврам Писевски,, ќе биде и целосно бојадисано, учениците ќе дојдат во комплетно ново училиште.  Од сега па натаму, во сите училишта бојата ќе биде антибактериска, која ќе може да се чисти и со водена крпа. Продолжуваме со овие наши инвестиции за подобрување на материјалните услови за живот и работа на нашите најмлади жители во Општина Карпош – истакна Јакимовски.

Рокот на изведба на прозорите во спортската сала е 30 дена.

 

 

 

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПОСЛЕ 15 ГОДИНИ ФК ПЕЛИСТЕР ИМА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА ВО МЛАДИНСКИ КАТЕГОРИИ
Следно соопштениеПрашање за Мицкоски: Што потврдува за ДПМНЕ криминален имот и почесен претседател на црна листа на САД?