Србија и Турција беа пресилни, Албанија е шанса за нашите девојки – Одбојкарска федерација на Македонија

101

 

По почетниот пораз од Србија, македонските одбојкарки до 19 години загубија и од Турција со 3:0 (25:20, 25:13, 25:11) на Балканијадата во Белград. Нашите девојки одиграа солиден прв сет, но потоа немаа сили да му парираат на посилниот противник, па шанса за подобро издание ќе имаат во денешниот натпревар со Албанија и во утрешниот со Црна Гора.

 

Очекувано, по два натпреварувачки дена во салата „Бањица“ на Вождовац, на чело на табелата се Србија и Турција со по две максимални победи. Албанките и Црногорките загубија во единствениот досегашен настап, а ние имаме два загубени меча.

 

Балканијата (одбојкарки родени 2002 и помлади)
1.коло, вторник:
Србија – МАКЕДОНИЈА 3:0 (25:15, 25:19, 25:15)
Турција – Албанија 3:0 (25:17, 25:16, 25:17)

2.коло, среда:
Турција – МАКЕДОНИЈА 3:0 (25:20, 25:13, 25:11)
Србија – Црна Гора 3:0 (25:21, 25:16, 25:10)

3.коло, денеска:
16.30 МАКЕДОНИЈА – Албанија
19.00 Турција – Црна Гора

4.коло, петок:
16.30 МАКЕДОНИЈА – Црна Гора
19.00 Србија – Албанија

5.коло, сабота:
16.00 Црна Гора – Албанија
19.00 Србија – Турција

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВАРДАР – ПРОЛЕТ – RK VARDAR 1961 I Official site
Следно соопштениеСтручниот штаб и тренерот на машката ракометна репрезентација на родени 2004 и помлади го објавуваат список на повикани ракометари – Ракометна Федерација на Македонија