СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ СО АМБАСАДОРОТ ПАМЕР

125
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ СО АМБАСАДОРОТ ПАМЕР

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, оствари средба со австрискиот амбасадор, Мартин Памер, кој гостува во Битола, по повод отворањето на 44 издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Амбасадорот Памер и градоначалникот Коњановски, разговараа за повеќе теми, меѓу кои, амбасадорот Памер со своето долгогодишно искуство во областа на културата, посебен акцент стави на зајакнување на културната соработка помеѓу Битола и повеќе австриските градови. Тој потенцираше дека, Битола со својата културна понуда и фестивалска традиција, има големи можности за културна промоција, а со тоа претставува и привлечно место за гостување на познати уметници од Австрија.

Градоначалникот Коњановски, додаде дека, локалната самоуправа, дејствува токму во таа насока и е подготвена да даде поддршка на сите настани и манифестации, кои значат голем придонес, во збогатувањето на културното живеење на градот.

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ СО АМБАСАДОРОТ ПАМЕР

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски: Не треба да се биде голем аналитичар и да се види дека за жал 6 години земјоделците се уништувани од Владата на СДСМ и ДУИ, но наскоро тоа ќе се смени
Следно соопштениеМицкоски: Пензионерите ја имаат целосно поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, власта да се вразуми и да ги исполни очекувањата на пензионерите